На 17.06.2024 во 19.45 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреда од заталкано зрно од огнено оружје бил донесен А.Ф.(35) од Скопје.
-Според пријавеното, додека управувал велосипед на подрачјето на Чаир, тој почувствувал болка во грбот, по што бил пренесен во медицинската установа, информира МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.