ТВ и Филм

Расел Кроу откри што мисли за снимањето на продолжението на „Гладијатор“: Малку ми е непријатно

Во едно неодамнешно интервју, актерот коментираше како се чувствува за снимањето на продолжението и откри дека не е толку среќен.

Расел Кроу откри што мисли за снимањето на продолжението на „Гладијатор“: Малку ми е непријатно

Филмот на Ридли Скот „Гладијатор“ од 2000 година беше номиниран за 12 Оскари, од кои освои четири, вклучувајќи ја и најдобрата машка улога.

Во 2001 година, за најдобар актер беше прогласен Расел Кроу, кој во оригиналниот филм играше поранешен генерал кој сака да му се одмазди на корумпираниот император Комодус (Хоакин Феникс), кој го убил неговото семејство и го испратил во ропство.

Во едно неодамнешно интервју, актерот коментираше како се чувствува за снимањето на продолжението и откри дека не е толку среќен.

-Малку ми е непријатно поради фактот што прават уште едeн, бидејќи секако мојот карактер е мртов и немам право на збор за тоа што ќе се прави. Јас сум за „не“, но ќе бидиме како тоа ќе изглеа, вели Кроу.

Поминаа повеќе од дваесет години од оригиналниот филм, а веста за снимањето на продолжението беше објавена веќе во 2021 година. Сепак, дури минатата година беше откриено дека главната улога ќе ја игра ирскиот актер Пол Мескал, познат по улогите во „Aftersun“, „Normal People“ и „All of Us Strangers“.

Во продолжението, кое би требало да се прикажува во кината на крајот на ноември 2024 година, Мескал ја презема улогата на Луциус, кој во оригиналниот филм беше претставен како внук на императорот Комодус.

Заедно со него, во продолжението играат и Педро Паскал, Дензел Вашингтон, Џозеф Квин и Кони Нилсен, која се враќа од оригиналниот филм како мајка на Лусиус.

Најнови вести од ТВ и Филм

To top