Фудбал

Мбапе: Ова е невидена ситуација, мора да се реагира

Мбапе: Ова е невидена ситуација, мора да се реагира

Маркус Тирам беше првиот кој побара од своите граѓани да гласаат за партијата на Макрон, но во ист тренд продолжи и капитенот кој смета дека Франција е пред најважните избори.

– Видов што се случува и се наоѓаме пред клучен момент во нашата држава. Ние сме граѓани на Франција и не може да бидеме исклучени од оваа дебата. Се случи преседан и сакам да им се обратам на сите Французи, особено на младите. Гледаме како екстремни партии се пред вратата на власта и ги молам младите да излезат да гласаат во што поголем број.

– Секој глас ќе биде важен и се надевам дека ќе се направи вистинскиот избор. Се согласувам со Тирам, имаме слобода на изразување и го делам истиот став. Јас сум против екстремните партии, оние кои ја делат државата. Има многу млади луѓе кои се воздржани и сакам мојот глас да стигне до нив. Нивниот глас ги менува работите и се надевам дека ќе го избереме правиот пат. Ова е невидена ситуација во Франција и мора да реагираме, – изјави Мбапе за кого добро познато е дека е одличен пријател со Макрон.

To top