На 15.06.2024 во 18.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„531“ во с.Марино, општина Илинден, патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ј.(56) од с.Марино, удрило во велосипед управуван од Д.Ј.(66) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје.
За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, стои во соопштението на МВР.