Репрезентативецот на Албанија Недим Бајрами ги стресе „аѕурите“ по само 23 секунди по една грешка на противничката одбрана и така испиша историја.
Играчот кој има потекло од Македонија, но игра за албанската селекција, стана играч со најбрз гол во историјата на Европските првенства.
Албанскиот фудбалер го урна рекордот на Дмитри Кириченко кој на ЕП 2024 на мечот меѓу Русија и Турција погоди за една минута и седум секунди.