Свет УНРВА

Потребен е итен третман за повеќе од 50.000 деца во Газа поради акутна неухранетост

Речиси 37.300 Палестинци ги загубија животите во Појасот Газа, главно жени и деца, а речиси 85.200 се повредени од октомври минатата година, според Министерството за здравство на Газа. 

Потребен е итен третман за повеќе од 50.000 деца во Газа поради акутна неухранетост

На повеќе од 50.000 деца во Појасот Газа им е потребен итен третман поради акутна неухранетост, соопшти денеска Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА).

УНРВА предупредува дека ситуацијата во Појасот Газа е катастрофална, иако нејзините тимови неуморно работат на пружање помош на семејствата.

Агенцијата посочува дека Палестинците во Појасот Газа гладуваат поради постојаните ограничувања на испораката на хуманитарна помош.

Речиси 37.300 Палестинци ги загубија животите во Појасот Газа, главно жени и деца, а речиси 85.200 се повредени од октомври минатата година, според Министерството за здравство на Газа. (МИА)

Најнови вести од Свет

To top