Свет САД со порака

Блинкен го повика Израел да преземе итни мерки против насилството на доселениците

Блинкен, кој е во Сан Франциско на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC), го изјави ова во телефонски разговор со Бени Ганц, опозициски лидер кој стана член на воениот кабинет на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Блинкен го повика Израел да преземе итни мерки против насилството на доселениците

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен (Антони) го повика Израел да преземе „итни“ мерки за да го запре насилството на еврејските доселеници врз Палестинците на Западниот Брег.

Блинкен, кој е во Сан Франциско на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC), го изјави ова во телефонски разговор со Бени Ганц, опозициски лидер кој стана член на воениот кабинет на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

– Блинкен ја нагласи итната потреба од позитивни чекори за деескалација на тензиите на Западниот Брег, вклучително и справување со зголеменото ниво на насилство од страна на екстремистичките доселеници – изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент Метју Милер.

Блинкен и Ганц разговараа за напорите за зголемување и забрзување на транзитот на критична хуманитарна помош во Појасот Газа.

Политичарите, исто така, зборуваа за тековните дипломатски напори за ослободување на заложниците кои ги зеде Хамас кога го започна големиот напад врз Израел од Појасот Газа на 7 октомври.

Најнови вести од Свет

To top