Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) им одобри денеска на 14 руски и 11 белоруски спортисти да се натпреваруваат на Олимписките игри идниот месец во Париз под неутрален статус.
Во првиот круг инспекциската комисија на ИОК оценуваше во пет спортови – велосипедизам, гимнастика, таеквондо, кревање тегови и борење и одлучи за статусот на спортистите од Русија и Белорусија.
Во наредните денови ќе се решаваат и други олимписки спортови.
Процесот на верификација на неутралниот статус се одвива во два круга низ раководните тела на спортот, а потоа одлуката ја носи МОК. Можни се жалби до Судот за спортска арбитража во Лозана.
Меѓу спортистите кои добија дозвола да се натпреваруваат како неутрални во Париз и актуелниот шампион на трамбулина Иван Литвинович од Белорусија.