Фудбал

Робертсон: Не се прославивме многу на првиот меч

Робертсон: Не се прославивме многу на првиот меч

На шкотските фудбалери не им се зборуваше многу по мечот со Германија.

„Не извршивме притисок на нивните фудбалери за врска и Тони Крос имаше време и слобода да ја диктира играта. Неговата пас игра е најдобра во светот и кога ќе му дадете и време и простор, тогаш нема што да барате. Сите германски фудбалери дадоа максимум, а ние не се прославивме баш. 

Делува разочарувачки кога ќе го погледнете резултатот, но добро е што од утре имаме нова мисија и нова шанса за бодови“, рече капитенот на Шкотска, Енди Робертсон.

Во следното коло Германија ќе игра против Унгарија, а Шкотска шанса да го поправи впечатокот ќе има против Швајцарија.

To top