Познати Млада баба

Пред 20 години ја запознавме како фаталната Руби, а еве како актерката изгледа денес

Нејзиниот профил на Инстаграм со 3 милиони следбеници е полн со фотографии кои докажуваат дека годините не и можат ништо.

Пред 20 години ја запознавме како фаталната Руби, а еве како актерката изгледа денес

Оваа година се навршуваат точно 20 години од емитувањето на една од најпопуларните мексикански теленовели досега – Руби. Актерката Барбара Мори, која ја играше негативката од теленовелата, денес има 46 години, а веќе неколку години е баба.

Нејзиниот профил на Инстаграм со 3 милиони следбеници е полн со фотографии кои докажуваат дека годините не и можат ништо.

Во меѓувреме, Барбара Мори се посвети на нешто посериозни улоги. Иако сè уште ги добива улогите на фатални убавици како во Руби, улогата што и донесе светска слава никогаш не се повтори. Интересно е што Барбара својата кариера ја започнала како модел.

На врвот на нејзината слава, во 2007 година, на Барбара и беше дијагностициран рак на дојка. Јавно проговори за својата борба и стравови, а сила и беше семејството со кое е во многу блиски односи. За среќа, нејзината борба да оздрави беше успешна.

Како 19-годишна девојка, Барбара го доби синот Серхио во врска со актерот Серџо Мајер. Интересно е како се повтори историјата кога нејзиниот син на иста возраст стана татко на девојчето Мила. Така Барбара стана баба на само 38 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Barbara Mori (@delamori)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Barbara Mori (@delamori)

To top