Поради нерегуларности во гласањето, двајцата полуфиналисти на шоуто „Никогаш не е доцна“ беа дисквалификувани од понатамошното натпреварување. Како резултат на тоа, Милош Радиќ Шеш, кој доби најмногу гласови од публиката на Фејсбук, се пласираше во финалето.
Официјалното соопштение на продукцијата и авторот на емисијата, Жика Јакшиќ, го пренесуваме во целост:
„Почитувана публико, анализата на полуфиналното гласање на Фејсбук откри дека двајца кандидати користеле хакерски услуги за вештачки да генерираат гласови со употреба на нелегални VPN услуги. На наше барање, анализата на гласовите ја направи швајцарската компанија NTH Media, која од платформата на Фејсбук доби детален извештај за секое пристигнато гласање со детален опис на времето, земјата, провајдерот и IP адресата од која пристигнал. Со дисквалификувањето на тие гласови добивме и нов победник на гласот кој редовно освојуваше најголем број гласови, а тоа е Милош Радиќ Шеш, кому од срце му честитам за заслужениот влез во финалето“ – стои во соопштението.