На 13.06.2024 во 16.50 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Козјак“ во Битола, патничко моторно возило марка „фолксваген“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.З.(19) од Битола, удрило во малолетен пешак од Битола, информира МВР.
Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.