Ракомет

Петар Ненадиќ стави крај на професионалната кариера

Петар Ненадиќ стави крај на професионалната кариера

Петар Ненадиќ реши да стави крај на својата успешна професионална кариера која траеше повеќе од две децении.

Пред две години искусниот 37-годишен бек се повлече од репрезентацијата за која одигра 78 натпревари и постигна 213 гола, а со чиј дрес ги освои Медитеранските игри во 2009 година, а три години подоцна беше и вицешампион на Европа.

Сега, очигледно, дојде време и за целосно повлекување од паркетот. И тоа е две недели пред да наполни 38 години.

 

To top