Најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек нема да учествува на турнирот во Берлин, објавија денеска организаторите.
Полската тенисерка, која изминатиот викенд ја освои титулата на Ролан Гарос, одлучи да земе подолг одмор пред почетокот на Вимблдон.
„Физички и психички сум исцрпен по девет последователни недели учество на турнирите. За жал нема да настапам во Берлин со цел да се одморам и закрепнам“, објави Швјонтек.
На турнирот во германската престолнина ќе учествуваат осум тенисерки од топ 10 на светската ранг-листа, меѓу кои и шампионките на Арина Сабаленка, Коко Гоф и Маркета Вондроушова.
Турнирот во Берлин стартува на 23 јуни.