Свет Изгубен контакт

Исчезна авионот со потпретседателот на Малави: Итна операција за пребарување и спасување

Откако бил информиран за инцидентот, претседателот на Малави, Лазарус Чаквера го откажал планираниот лет до Бахамите.

Исчезна авионот со потпретседателот на Малави: Итна операција за пребарување и спасување

Авионот со потпретседателот на Малави, Саулос Чилима и уште девет лица исчезнал, соопшти кабинетот на претседателот.

Авион на армијата на Малави исчезнал од радарите по полетувањето од главниот град Лилонгве утрово по локално време, се додава во соопштението, јавува Би-би-си.

Претседателот наредил операција за пребарување и спасување откако претставниците на авијацијата не успеале да остварат контакт со авионот.

Авионот требало да слета на меѓународниот аеродром Мзузу, на северот од земјата, нешто по 10:00 часот по локално време.

Откако бил информиран за инцидентот, претседателот на Малави, Лазарус Чаквера го откажал планираниот лет до Бахамите.

To top