Фудбалската легенда Матеја Кежман го очекува шестото дете со третата сопруга Тара Шумоња.
Добрата вест ја сподели среќната мама која на Инстаграм го покажа трудничкиот стомак во поодмината фаза од бременоста.
View this post on Instagram
Потсетуваме, Матеја Кежман и Тара Шумоња го добија своето прво дете во 2019 година. Нивниот петгодишен син Лука особено се радува да стане постар брат.
Матеја Кежман го чека шестото дете, првите тројца наследници Лазар, Александар и Јаков ги доби во бракот со сопругата Наталија, додека Марија Перковиќ му го роди синот Филип.
Судејќи по коментарите под нејзината објава, фановите и пријателите му посакуваат на славниот ас прва наследничка по пет сина.