Колумни

Крикот на полтроните

Нов ден, нов дебакл на партијата во распаѓање.

Крикот на полтроните

Верувале или не, но СДССС собра „цели“ 200 од 700 делегати, ни една третина, па најдени во небрано, демек ја одложија „средбата“. Реално, само го пролонгираат сопствениот распад. Вистината е дека лукративните комуњари, кои добро знаат дека од оваа опортунистичка направија партија на власт веќе не бива, немаат ни зошто да учествуваат во прикаската. Влегоа во северната ступидна авантура водени од среброљубие (читај, вработување, унапредување, грантови и тендери), а кога веќе го нема предметот на интерес, чуму воопшто и би биле дел од зулумќарското злосторничко здружение. Си фаќале патот кон ЗНАМ и Левица, натаму дувале ветриштата. А, не’ правеа недоветни кога велевме дека ова е интересџиска партија, која ќе се распадне во моментот кога интересот ќе исчезне. И би прогнозата…

Од друга страна на партискиот македонски мегдан е контрастот на ВМРО, која со години демонстрира конзистентност. Состојба презентирана преку стамена опстојба на промакеоднскиот став кој многу придонесе во демистификацијата и разголувањето на северџганис танското Потемкиново село. Протестот против и цврстиот став за неприфаќањето бугарски диктат со наметнатите уставни измени, одбивањето на ДУИ во владејачка коалиција, стартот со затворање корумпирани судии и солидно двотретинско мнозинство за потребите на влада со нов перформанс, потребен за итен ремонт на девастираната Македонија. Двотретинско мнозинство кое Таче и Заев го сонуваа минативе години за да ги протнат Бугарите во Устав…

И, што сега ќе направи декласираната Бихаќка, ќе даде подршка во обнова на она што самите го срушија и до вчера черечеа? Јок, ќе џафка, подобро кажано, ќе крека. Чуму крека? Затоа што сегашните одгласи се од жабја перспектива, соодветна на нивото на СДССС кое го достигна откако ги освои последните „височини“ со изборниот резултат. Не можат подолу? Можат, можат, тоа е емпириски докажано со нив, на дело…

Партијата, која благодарение на своите антимакедонски злодејанија, инстант се смали на големина соодветна за да ја збере во торбичката на Спорт Били, гласно залелека од „предавството“ на своите седумгодишни побратими во девастацијата на Македонија и македонското. Хохштаплерите кои 83 месеци во коалиција со две раце грабаа и делеа од распродажбата на македонските идентитетски одредници, сега се најдоа навредени што арамиите на Алија по долга пауза гласаа за нешто добро за државата. За промена. Таксират комуњарски, она кога ќе те „предаде“ довчерашниот сојузник и соарамија…

Битно ли е зошто? Можеби некој од „меџународна“ им свиткал рака за Закон поддржан од ИПА (ЕУ, читај САД), можеби, пак, мислат и силно се надеваат дека вака ако се добри и послушни нема да одговараат пред законот за сторениот криминал, или пак сакаат да му покажат на разочараното членство дека се’ уште се некаков фактор и решават за нешто битно во државата, можеби „задња“ шанса за да му се додворат на ВМРО-ДПМНЕ? Опциите се многу, но не и онаа од кујната на Бихаќка дека влегле во власта. Мало сутра, ќе рече нивниот идол од Муртино. По 22 години се во опозиција…

Она, кога полтроните се прават мангупи. Оние кои 7 години само климаа на глупоштиите, криминалот и тендерите на истите тие ДУИ. Оние кои беа познати по голтање без џвакање, перформанс на кој и Саша Греј честопати им завидуваше. Истите оние кои со години го верглаа она на „С“ само за да можат притоа непречено да крадат, со две раце. А, од полтрон, борец не бива. Исто ко што од комуњара патриот. Никогаш…

Туку, знаете како гласи дефиницијата за полтрон? „Лицемер, лажен додворувач, човек со особина на улизување пред други што ги смета за авторитети (читај амбасадори, странски функционери, дуевци), бескарактерен, дволичен човек.“ Синоними се безрбетник (бескичмењак), потпикувач, коленичар, потпушувач, лигуш, улизица, шупак и др. Веднаш ви „текна“ на еден куп ликови од актуелната владејачка гарнитура на заминување, нели? Проблемот е што по ново, над сите овие синоними почнувал да надвладува поимот „северџганистанец“, кој полека, но сигурно ги засенувал и доминирал над сите останати.

Е, сега истите тие полтрони ќе глумат инстант-мажи и ќе дефокусираат од сопствените катастрофи и бродоломи. И така ќе биде многу години, знаат и самите. Аирлија нека е…
Туку, знаете, кога човекот почувствувал ненадејна „тежина“ и затоа на Алија лани му правеле клистрација, кого се’ нашле таму? Ни помалку, ни повеќе туку пола раководство на една партија која оди во заборав…

Доцна сфатија, предоцна, дека најмногу чини кога на некој евтин ќе му ја дигнете цената….

To top