Големиот фудбалски тренер Алекс Фергусон по цела една деценија од пензионирањето, знае дека навивачите на Ливерпул упорно зборуваат за него и го понижуваат низ разни песни, но всушност смета дека посакувале тренер како него низ историјата.
– Пензиониран сум веќе 11 годин, но се уште сите овие години, слушам фанови на Ливерпул како бараат причина да зборуваат и скандираат за мене. Ме нарекуваа сланина лице, ме нарекуваа пурпурен нос, но сите добро знаеме дека тие поттајно посакуваа менаџер како мене и тоа е факт, смета Сер Алекс Фергусон.
Тој во владеењето во Манчестер Јунајтед без малку 27 години, освои 13 премиерлигашки титули, две во ЛШ и повеќе куп титули.