Хроника Интервенирале седум пожарникари

Пожар во импровизиран автосервис во Ново Лисиче, причинета материјална штета

Пожар во импровизиран автосервис во Ново Лисиче, причинета материјална штета

Пожар избувна денеска во импровизиран автосервис – гаража во Ново Лисиче.

Интервенирано е со две противпожарни возила и седум пожарникари. Повредени нема, причинета е материјална штета.

– Пожарот е изгаснат, екипите се повлечени. Имаше опожарени едно патничко возило, дрва и некои други материјали. За среќа, нема повредени. Тоа се првичните информации, изјави командантот на скопската Противпожарна бригада Звонко Томески.

Материјалната штета допрва ќе се утврдува.

To top