Хуманитарен настан „ДА ГО ВРАТИМЕ ЗВУКОТ НА ДАМЈАН“ се одржа денеска во паркот во Ѓорче Петров.
Низ спортски активности, детска лабораторија и креативна работилница со многу деца, Општината и Д.Мед реализираа настан за помош на малиот Дамјан.
-Преубав настан кој изобилуваше со премногу дечиња, како и позитивна енергија којашто можеше да се почувствува преку нивните насмевки, истакна градоначалникот Александар Стојкоски.
-Целта ни е секоја година ова да стане традиција, да можеме секоја година да овозможиме за било кој сограѓнин од општината, да донираме и да помогнеме, изјави медицинскиот аиректор на Д мед Медикал Спец Д р Елена Бабаљ Бансколиева.