Фудбал

Баер Л. го представи првото засилување за новата сезона

Баер Л. го представи првото засилување за новата сезона

Поранешниот играч на Рен, Јануел Белосјан e првото засилување на првакот на Германија, откако потпиша договор со Баер Леверкузен до 2029 година.

Францускиот 19-годишен дефанзивец е првото засилување за шампионот во Бундеслигата пред новата сезона.

Белосијан го имаше своето деби за првиот тим на Рен во март 2022 година и одигра 39 натпревари, вклучувајќи ги и натпреварите во Лига Европа.

Спортскиот директор на Баер Леверкузен, Симон Ролфес, рече дека младиот Французин има потенцијал да биде важен играч во тимот и го пофали неговиот атлетски став.

Чаби Алонсо најави дека костурот на тимот ќе остане и ќе игра во Лигата на шампионите следната сезона.

To top