Селекторот на машката младинска ракометна репрезентација, Радослав Стојановиќ го скрати списокот на играчи на кои ќе смета за Европското првенство кое ова лето ќе се одржи во Словенија.
На првата објавена листа се најдоа 35 ракометари, а сега истата брои 21 играч од кои најголемиот дел се од домашниот шампионат или поточно имаме само двајца интернационалци, Давид Брестовац од Котбус и Стефан Атанасов од Копер.
Македонија е во групата А заедно со репрезентациите Австрија, Хрватска и Црна Гора. Репрезентативците ќе заминат на подготовки во Маврово на 10 јуни.