Познатата германска компанија Пеликан објави дека ги затвора продажните капацитети во Хановер и Фалкенце.
Пеликан целосно престанува да работи на крајот на годината.
Нивните производи се продаваат насекаде низ Македонија и се користеа со генерации, кога ние бевме деца, а сега ги купуваме и за нашите деца.
Локалните медиуми јавуваат дека затворањето на продажните капацитети во двата града ќе загрози 250 од 500 работни места во Германија и потсетуваат дека компанијата Хемелин ќе ги преземе Pelikan и нејзината филијала Херлиц од 2025 година.
Хамелин го оправдува кратењето на работните места со подобрување на структурата на продажбата.
-Структурата што сега е планирана за Германија ќе ни овозможи да ја зајакнеме соработката со нашите клиенти нудејќи им го најширокиот асортиман на пазарот во еден каталог и на едно место, вели првиот човек на Хамелин, Ерик Јоан.
Хамелин во декември го презеде Пеликан за 136 милиони евра.
Пеликан е основан во Хановер во 1832 година.
Компанијата е особено позната по своите гуми и пенкала, а произведува разни канцелариски материјал, моливи, бои, мастила, лакови…