Пред околу 60 години сегашниот британски крал Чарлс Трети изработил статуетка во облик на коза… Малата ќерамичка фигурина што Канаѓанецот Рејмон Патен ја чувал 55 години кај себе, е продадена на наддавање во Округот Стафордшир во Англија оваа недела. Достигнатата цена е 8.500 фунти.
На Патен, за неговиот 21 роденден, фигурата му ја подарила неговата тетка, која во доцните 1960-ти работела како готвачка на Универзитетот на Кембриџ, т.е. на „Квинс“ колеџот.
– Верувам дека таа лично го познавала кралoт. Оваа фигура ми беше важна цел живот… Таа ми кажа дека принцот Чарлс ја направил фигурината и беше горда на фактот што тој присуствувал на Универзитетот Кембриџ, изјави Патен.
Чарлс Хансон, од аукциската куќа „Хенсон окшенирс“ (Hansons Auctioneers), надополни дека дека досегашниот сопственик одлучил да ја даде статуетката поради нејзиното историско значење.
– Тој старее и сакаше на фигурината да ѝ најде нов дом каде што ќе биде ценета со децении однапред, нагласи аукционерот.