Еурофарм Пелистер никако да ја прекине серијата порази од почетокот на сезоната во ракометната Лига на шампионите. Mакедонскиот првак загуби во Унгарија од Пик Сегед со 34:26 (18:19) за седми пораз во рамките од групата „А“.
Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер беше Василев со пет голови, а по четири имаа Радивојевиќ и Атанасијевиќ.
Следниот меч играчите на тренерот Бранислав Ангеловски ќе го имаат на 22 ноември повторно против Пик Сегед, но овојпат во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.
фото: РК Еурофарм Пелистер