Ракомет

Марин Шего стави крај на својата кариера

Марин Шего стави крај на својата кариера

Хрватскиот голман Марин Шего става крај на кариерата. Последниот натпревар Шего го бранаше во поразот на Гепинген од Гуерсбах во последното коло од Бундеслигата.

Низ кариерата Шего бранеше за Меѓугорје кој беше негов прв клуб, потоа беше дел од Мостар, Чаковец, Загреб, Висла, Кјелце со кој ја освои Лигата на шампионите во чудесното финале во 2016 година во Ланксес Арената, ПИК Сегед и Монпелје.

Траеше долго, скоро 22 години професионална кариера. Петнаесет години настапував во Лигата на шампионите, четири во ЕХФ Лигата на Европа. Започнав да се занимавам со ракомет на девет години, Поминав шест лиги, променив многу држави, тренери, имаше се и се што. Многу фактори влијаела на одлуката да ставам точка. Семејството многу пати патеше поради мене. Сакам и децата да се вратат и да бидеме сите заедно во Меѓугорје. Презадоволен сум со она што го постигнав“, изјави Шего за специјализираниот портал за ракомет „Балкан-хендбол“.

To top