Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година не успеа да го повтори резултатот од гостувањето кај Полска и денеска е поразена од младинците на Босна и Херцеговина (2:1).
БиХ поведе во 10. минута преку Јагањац, а тој резултат останал до крајот на полувремето, за Бристриќ да го зголеми водството на домашната селекција во 72. минута.
Македонија единствениот гол го постигнала во судиското надополнување и тоа преку Фетаи, со што се поставени конечните 2:1.
Пред неколку дена, Македонија со истиот резултат 2:1 ја изненади Полска на гостински терен.