Најплатениот јутјубер во светот, MrBeast, во долготрајната битка за најголем број претплатници ја симна T-Series од листата на најгледани канали на ЈуТјуб, достигнувајќи бројка од 269 милиони претплатници.
Индиската музичка куќа T-Series, која објавува трејлери и музички видеа, го држеше рекордот за најпретплатен канал на ЈуТјуб во последните пет години, пред да биде соборен во неделата.
MrBeast, вистинското име му е Џими Доналдсон, веќе беше најследен поединец, а 26-годишникот сега влезе во историјата на платформата со навидум недостижни 269 милиони претплатници.
After 6 years we have finally avenged Pewdiepie 🥹 pic.twitter.com/V1znbyqw27
— MrBeast (@MrBeast) June 2, 2024
Преку скоро 800 видеа, MrBeast стекна слава со акробации – вклучително и подарување приватни острови, и воспоставување на реална верзија на хитот на Нетфликс „Squid Game“.
MrBeast стана најследен поединец и канал на ЈуТјуб што значи дека тој уште повеќе го проширил своето влијание и заработка. Во 2022 година, Форбс ја процени неговата нето вредност на околу 500 милиони долари и го рангираше на прво место на својата листа на 50 најдобри креатори во 2023 година.