Серхио Перез потпиша нов двегодишен договор со својот сегашен „Ред Бул“ по силниот почеток на сезоната и покрај неговите потпросечни перформанси во последните два тркачки викенди.
Перез минатата година успеа да заврши на второто место во доминантниот болид „РБ20“, што е најголем успех во неговата кариера, а пет од шесте победи во Формула 1 оствари со „Ред Бул“.
Оваа година Перез го имаше второто место кај возачите зад Макс Верстапен по првите шест трки, но по двата лоши викенди во Имола и Монако, во кои освои само четири бода, падна на петтата позиција.