Кошарка

НБА засилување за Анадолу Ефес

НБА засилување за Анадолу Ефес

Искусниот кошаркар Фуркан Коркмаз би можел да биде најголемото засилување за Анадолу Ефес.

Евидентно е дека тимот игра разочарувачки по двете титули во низа кои ги освои во Евролигата пред неколку години, па затоа уште од сега се бараат соодветни решенија кои би го раздрмале клубот.

Решението го најдоа во НБА лигата, а тимот од Истанбул е подготвен да му понуди на Фуркан Коркмаз (26) осум милиони за враќање во својата татковина.

To top