Познати Отворено

Не го крие незадоволството: Мина Костиќ проговори за естрадата, откри што ја прави тажна

Останав доследна на мојот стил и само така ќе ги покажам емоциите и она што сакам да го пренесам преку моите песни, рече Мина

Не го крие незадоволството: Мина Костиќ проговори за естрадата, откри што ја прави тажна

Пејачката Мина Костиќ отворено проговори за состојбата на естрадата, истакнувајќи го своето незадоволство.

Како што истакнува Мина Костиќ, многу си ја сака работата, но смета дека односите меѓу колегите не се добри.

-Ја сакам оваа работа, ја работам со љубов и не можам поинаку. На сцената владее хаос и лудило, нема веќе емоции, искрена љубов, дружење, се е изгубено. Од една страна, тажна сум поради тоа, а од друга страна, среќна сум што сум таква каква што сум. Останав доследна на мојот стил и само така ќе ги покажам емоциите и она што сакам да го пренесам преку моите песни, рече Мина.

Таа истакна дека е многу исполнета и задоволна од својот живот.

-Постигнав се што сакав и кога добив дете, таа стана центар на мојот свет. Мислам дека здравото семејство и детето е нешто што останува зад тебе и нешто што е најубаво, изјави пејачката.

To top