Раководството на македонскиот првак Еурофарм Пелистер одлучи да не ја продолжи соработката со седум ракометари на кои со завршувањето на сезоната им истекоа договорите со битолскиот клуб.
Редовите на Еурофарм Пелистер, како што соопшти денеска клубот, ги напуштаат Урбан Лесјак, Калифа Гедбан, Марко Кизиќ, Марио Танкоски, Денис Васиљев, Руди Сери и Матеуж Пиеховски.
„Клубот им посакува успеси во новите средини и вратите на Еурофарм Пелистер и град Битола секогаш ќе бидат отворени за нив“, се наведува во клупското соопштение.
Еурофарм Пелистер во завршното коло сезонава во македонската Суперлига го совлада во саботата Алкалоид на домашен терен со 32-28 и со тоа ја одбрани шампионската титула.