Свет Европол

Низ Европа уапсени 51 лице во борбата против трудова експлоатација

Заедничката акција на Европската мултидисциплинарна платформа против криминални закани (EMPACT) беше предводена од Холандија со поддршка на Европол и Европската агенција за труд (ЕЛА).

Низ Европа уапсени 51 лице во борбата против трудова експлоатација

Во заедничка акција спроведена од 31 земја ширум Европа, уапсени се 51 лице во рамките на борбата против трудовата експлоатација и трговијата со луѓе, особено експлоатацијата на граѓани од земји кои не се членки на ЕУ и бегалци, соопшти денеска Европол.

Во соопштението се наведува дека од 20 до 27 април, органите на редот, граничарите и даночните власти ширум Европа идентификувале 334 потенцијални жртви на трудова експлоатација и 160 сторители во 31 земја.

Заедничката акција на Европската мултидисциплинарна платформа против криминални закани (EMPACT) беше предводена од Холандија со поддршка на Европол и Европската агенција за труд (ЕЛА). (МИА)

Најнови вести од Свет

To top