Во Украина денеска се очекуваат прекини на струја по вчерашниот масовен руски напад врз енергетскиот систем на земјата, соопшти Укринформ.
Нападот ја оштети инфраструктурата во пет украински региони – Доњецк и Дњепропетровск на исток, југоисточниот регион Запорожје, централниот регион Кировград и Ивано-Франковската област на запад.
Националниот електроенергетски оператор Укренерго првично соопшти дека денеска ќе има прекини на електрична енергија – и за индустриските корисници и за домаќинствата – низ целата земја, освен во три региони – Лавов, Волин и Закарпатија.
Потоа, ДТЕК, најголемиот приватен производител на електрична енергија во Украина, информира дека струјата нема да биде прекината во главниот град Киев, Киев, Одеса, Доњецк и регионот Дњепропетровск.
Ситуацијата во електроенергетскиот систем на Украина и понатаму е многу тешка, истакна во исто време компанијата. Екипите на итната помош продолжуваат да ги отстрануваат последиците од вчерашниот руски напад. (МИА)