Тренерот на ракометниот шампион Еурофам Пелистер Бранислав Ангеловски ја презеде екипата во ноември и ја оствари главната цел – одбраната на титулата.
„Честитки за ракометарите на Алкалоид. Познавајќи го Лазаров, знаев дека ќе дојде тука да се натпреварува. Тие немаа притисок и играа растеретено. Во ниту еден момент не се сомневав во нашата победа. Знаевме дека ќе играат „седум на шест“ и го работевме тоа цела недела на тренинг. Дадовме неколку голови на празна мрежа. Жалам само што не победивме поубедливо, бидејќи имавме шанса за такво нешто“, рече Ангеловски.
„Добро одекна мојата изјава по натпреварот со Вардар. Зборував спонтано. Сакавме тогаш да го решиме првенството, не успеавме, но покажавме карактер. Победивме на тешкото гостување во Охрид и бевме одлични се до ЕХФ-неделата. По тешкиот Куо турнир емотивно се испразнивме. Сепак, овој натпревар ни беше сè и покажавме борба до последната секунда“, заврши тренерот на битолчани.