Поранешниот младински репрезентативец Кристијан Трапановски е пред промоција во дресот на новиот шкотски премиерлигаш Данди јунајтед.
Уште еден Македонец, по Бојан Миовски и Давор Здравковски, се очекува да биде дел од најсилниот шампионат во Шкотска следната сезона.
Актуелниот офанзивец на Шкупи, според последните информации од Островот, веќе е пред договор со Данди јунајтед и тоа на инсистирање на Џим Гудвин, човекот кој пред две години го ангажираше Бојан Миовски во Абердин.