Британскиот Парламент официјално е распуштен пред изборите, што се закажани на 4 јули.
Главната опозициска Лабуристичката партија се очекува да ги порази владејачките конзервативци по повеќе од една деценија.
Парламентот беше распуштен по ненадејната одлука на премиерот Риши Сунак минатата недела да распише избори. Сега започнува изборната кампања за пополнување на составот на 650-члениот Долниот дом на британскиот Парламент.
Првата седница на Долниот дом на Парламентот по изборите ќе се одржи на 9 јули. (МИА)