Малолетен мотоциклист на улица „Тризла“ во Прилеп со мотоцикл „хамачи” без регистарски ознаки удрил во пешакот Г.М.(68) од Прилеп, која починала подоцна од повредите во болница.
Настанот бил пријавен вчера во прилепската полиција.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Г.М. и била пренесена во Градската болница Прилеп каде што подоцна починала, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот“, објави СВР Прилеп.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.