Свет

Борел: ОН се парализирани од вето, не носат никакви одлуки

На состанокот присуствуваат 500 учесници од 70 земји и организации од целиот свет.

Борел: ОН се парализирани од вето, не носат никакви одлуки

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека Обединети нации се парализирани од наметнувањето на вето и оти не се прифаќаат никакви одлуки.

– Наметнувањето вето ги пролонгира конфликтите и масакрите, истакна Борел пред учесниците на Шумановиот безбедносен форум организиран од Европскиот парламент во Брисел.

На состанокот присуствуваат 500 учесници од 70 земји и организации од целиот свет.

– Ќе се разговара за прашањата за кибер безбедноста, одбраната, антитероризмот и хибридните закани, прецизира Борел.

Тој додаде дека разговорите ќе ги опфатат војните во Украина и Појасот Газа, но истакна дека тоа не се единствените „жешки точки“ во светот денес.

– Политиката на сила се врати. Мора да се обединиме во отфрлањето на нормализацијата на употребата на сила. Сведоци сме на зголемување на случаите на поморски пирати. Светскиот океан и Вселената ќе бидат следните бојни полиња, таму ќе се множат заканите, предупреди Борел

Во 2022 година имало вооружени конфликти во 56 земји, додека во 2020 година бројот на овие земји бил 30, посочи Борел.

Тој додаде дека ЕУ поддржува повеќе од 20 земји во областа на одбраната и мирот.

Најнови вести од Свет

To top