Шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте го соопшти списокот со повикани фудбалери, а на него немаше место за играчот на Реал Мадрид, Лукас Васкез.
Васкез не доби шанса како замена за десната бековска позиција, па поради тоа објави иронична порака.
Фудбалерот на „кралевите“ преку социјалните мрежи испрати иронични емотикони со насмевки, но потоа ја избриша објавата.