Утре (24.05.2024) во 13:00 часот, во црквата Св. Богородица – Калишта, Струга, ќе се одржи свеченост по повод одбележувањето на празникот на рамноапостолите Св. Кирил и Методиј.
Во рамки на свеченоста ќе се одржи трибина под наслов “Св. Кирил и Методиј, Стожер на Постоењето!” на која ќе се обратат:
-Зоран Љутков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ,
-Ѓоко Ѓорѓевски, редовен професор на Православниот Богословски факултет Св. Климент Охридски – Скопје,
-Митко Панов, редовен професор на Институтот за национална историја при УКИМ – Скопје.
На настанот свечен говор пред присутните ќе има и Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.