– Мислам дека нема смисла да се оценува работата на Руди во споредба со мојата. Секој тренер има своја приказна, мора да го судиме според неговите дела. Тој се покажа како добар стручњак, но не му беше дадено време, го цитира „ITASportPress“ Спалети.
Пред два дена, Наполи објави оставка на Руди Гарсија и назначување на Мацари за нов тренер на тимот.
Наполи кој е актуелен шампион, во моментов е четврти на табелата во Италијанското фудбалско првенство со 21 бод од 12 натпревари.