Македонскиот автомобилист, Ристо Вуков – Рико, втора сезона по ред настапува во Порше Суперкуп натпреварувањето, кое има највисок глобален ранг, бидејќи во него настапуваат најдобрите од големиот број серии што се возат низ светот.
Традиционално, трките од Порше Суперкуп се возат пред оние од Формула 1 (Ф1), па така за време на Ф1 викендот во Имола, Вуков продолжи онаму каде што требаше да почне минатата сезона, но таа трка беше откажана поради поплавите во покраината Емилија Ромања.
Во квалификациите, Рико го извозе своето најдобро време. 1:43,641 минути, а обележје на настанот беше тоа што само првите четворица возачи се издвоија со времиња од 1:42,4 до 1:42,6, а од 5-то до 18-то место имаше 14 возачи кои имаа слично постигнување, меѓу1:42,9 и 1:43,7, по што Македонецот се најде на 17. место.
Двајцата негови тимски колеги се најдоа пред и зад Вуков, односно Киган Мастерс беше на 11-то, а Лирим Зендели на 22-то место.
Во трката која почна со инцидент при борба за водечките позиции, а потоа се појави и безбедносното возило, Вуков мораше да биде мошне внимателен, поради што беше престигнат во мешаницата и загуби неколку позиции.
По рестартот успеа да стигне од 20-то до 18-то место, а успеа и да го извозе најбрзиот круг (10-от) за него во трката, но не успеа да се пробие повисоко.
Следната трка во Ф1 е во Монако, па и Вуков од Имола веднаш продолжува кон малото кнежевство на Азурниот Брег, каде што го очекува нова трка претстојниов викенд.Воедно и нашиот Вуков е единствен од нашите простори кои некогаш настапил на најлегендарната патека на Формула 1 – Монако,каде што и нашиот портал ке биде застапен на неговото возило.
Трките ке се емитуваат во живо на еден од каналите на Sport Klub
Петок (Квалификации) -18 :45
Недела Трка – 12-00