Фудбал

Нов удар за Реал Мадрид, се повреди Камавинга

Нов удар за Реал Мадрид, се повреди Камавинга

Играчот за врска на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга заработи повреда на денешниот тренинг со француската репрезентација.

Камавинга заработил удар во коленото на денешниот тренинг на Франција и не го довршил истиот, бидејќи морало да му биде пружена лекарска помош на теренот.

Ова е лоша вест за Реал Мадрид, бидејќи Камавинга е еден од најважните фудбалери и оваа сезона игра во извореда форма.

foto:FCRealMadrid

To top