НБА лигата ќе добие нов шампион откако Денвер Нагетс доживеа елиминација во конференциското полуфинале од Минесота Тимбервулвс.
Актуелниот првак доживеа пораз на домашен терен од „волците“ со 90:98)и тоа во ситуација кога имаше и 20 поени предност на почетокот на третиот период.
МекДениелс и Таунс со по 23 поени го предводеа гостинскиот тим во нападот, додека кај Денвер, Мареј и Јокиќ го завршија натпреварот со по 35, односно 34 поени, но немаа вистинска поддршка од соиграчите.
Минесота во конференциското финале ќе се соочи со Далас и ќе има предност на домашен терен, додека на Истокот, Индијана закажа конференциско финале против Бостон.