Македонија на 89 години

Почина Димитрие Ѓорчески Чауш, најстариот член на планинарскиот клуб Љуботен

Почина Димитрие Ѓорчески Чауш, најстариот член на планинарскиот клуб Љуботен

Денеска на 89 години почина Димитрие Ѓорчески, Диме-Чауш, најстар член на планинарскиот клуб Љуботен од Тетово, истакнат планинар и скијач.

Од планинарскиот клуб информираа дека Диме Чауш член е на ПК Љуботен од 1947 година.

-До пред месец дена Диме Чауш доаѓаше во канцелариите на клубот и на состаноците ги евоцираше спомените од неговото долгогодишно членување во клубот. Член е на П.К. „Љуботен“ од 1947 година, преку тогашната секција во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“, а во истиот период Диме Чауш е и активен член, на почетокот во скијачката секција на клубот, а подоцна во скијачкиот клуб „Љуботен“. Како планинар и скијач, зад себе има оставено огромен број на активности поврзани планинарењето и скијањето, порачаа од ПК Љуботен.

Клубот информираше дека утре 16 ноември во периодот од 12:00 до 13:00 часот, во капелата на градските гробишта во Тетово, ќе може да се изрази сочувство до семејството, а погребот ќе се изврши во 13:00 часот.

To top