Последното коло од Првата македонска фудбалска лига донесе борба само за второто место, а истото на крајот го освои Шкендија која денеска успеа да победи против Работнички со 0:2.
Тетовските „црвено-црни“ со тоа ја одбранија предноста пред Шкупи, со која си го обезбедија второто место кое инаку гарантира квалификации во Европа претстојново лето.
Во долниот дел од табелата, работата беше јасна уште минатото коло, па така Брегалница се прости со реми, Македонија запиша нов пораз, додека Вардар со реми од 2:2 против Тиквеш се загреа за баражот за опстанок во Првата лига (противник ќе биде Детонит).
Резултати последно коло:
Брера – Македонија ЃП 5:3
Брегалница – Силекс 1:1
Работнички – Шкендија 0:2
Струга – Шкупи 1:2
Вардар – Тиквеш 2:2
Воска – Гостивар 1:1