Фудбал

Кол Палмер прогласен за најдобар млад играч во Премиер Лигата

Кол Палмер прогласен за најдобар млад играч во Премиер Лигата

Кол Палмер ја доби наградата за најдобар млад играч во Премиер лигата.

Асот на Челси немаше конкуренција, бидејќи 22-годишниот играч за врска постигна 22 гола и запиша десет асистенции и е најзаслужен што тимот од Лондон ќе игра во Европа.

Во конкуренција беа и Фоден, Халанд, Ајзак, Мајно, Сака, Салиба и Удоги, но убедливо најмногу гласови имаше Палмер.

Тој е првиот играч на Челси по десет години кој доби вредно признание. Еден Азар го направи тоа пред него во 2014 година.

To top