Ракометарите на Еурофарм Пелистер се пласираа во финалето на Купот на Македонија во Скопје го совладаа Тиквеш со 33:29.
Најзаслужен за четвртиот последователен пласман во финалето за Битолчани беше Богдан Радивојевиќ со 10 гола додека на спротивната страна шест пати прецизен беше Срѓан Мијатовиќ.
Противник на Еурофарм Пелистер во неделното финале ќе биде победникот од утрешното соочување меѓу Вардар и Алкалоид.