Наскоро претстои Европското фудбалско првенство кое ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули низ Германија.
Домаќините затоа решија да ги откријат своите карти и да ги покажат потенцијалните 26 имиња кои предводени од тренерот Јулијан Нагелсман ќе итаат кон трофејот на Стариот континент.
Ова е моментално најтесниот список од која било репрезентација, а само едно име ќе испадне до почетокот на турнирот.
Голмани: Мануел Нојер (Баерн), Оливер Бауман (Хофенхајм), Александар Нибел (Штутгарт), Марк-Андре тер Штеген (Барселона).
Дефанзивци: Валдемар Антонон (Штутгарт), Бенџамин Хенрикес (РБ Лајпциг), Џошуа Кимих (Баерн), Робин Кох (Ајнтрахт), Максимилијан Мителштад (Штутгарт), Давид Раум (РБ Лајпциг), Антонио Ридигер (Реал Мадрид), Нико Шлотербек (Дортмунд), Џонатан Та (Леверкузен).
Играчи од средниот ред: Роберт Андрич (Леверкузен), Крис Фурих (Штутгарт), Паскал Грос (Брајтон), Илкај Гиндоган (Барселона), Тони Крос (Реал Мадрид), Александар Павловиќ (Баерн), Џамал Мусиала (Баерн), Лерој Сане (Баерн) , Флоријан Вирц (Леверкузен).